Мени
Кошничка

За нас

Друштвото Де-Та постои од 1999 година и е сопственик на ланецот продавници Sara Fashion.
Компанијата Sara Fashion е семејна компанија за продажба на чорапи,хулахопки,долна облека,костими за капење и модни додатоци.
Основана пред 25 години, а која сеуште работи со истиот ентузијазам и љубов,постојано вложување и едукација на своите кадри,како и постојано проширување на своето портфолио на производи.

Денес може да се каже дека компанијата прерасна во една од најголемите македонски компании во својата област, со повеќе од 200 вработени и се состои од над 60 продажни места во Република Македонија и Република Србија.

Исто така Де-Та располага со четири магацини за големопродажба,од кои два во Скопје и по еден во Битола и Белград од каде се врши достава на производите низ целата територија на Република Македонија и Република Србија.

Покрај сопствениот бренд,Де-Та е ексклузивен застапник на повеќе светски признати брендови и тоа: Penti, NBB, Pompea, Donella и Milano.

Во 2007 година, Де-Та започна и со производство на памучни чорапи,формирајќи го брендот Red Star кој моментално брои над педесет различни производи.