Знаеме дека секоја жена е една и единствена. Нашиот бренд со години наназад работи на тоа секоја жена да може да го пронајде производот што најмногу одговара на нејзината градба, имајќи во предвид дека секоја жена е посебна.

Не постои стриктна поделба на основната градба на жената, но со цел да ви помогнеме при изборот на правилниот градник и килоти, во прилог ќе дадеме еден мал опис за тоа кои основни типови на тело постојат, и како според нив да го пронајдете правиот производ за вас. Ова најмногу ќе ви помогне при изборот на костими за капење.

 

1. Јаболко 

Карактеристики:

•   Рамена пошироки од колковите

•   Заоблен стомак

•   Недефинирана половина

•   Тесни колкови

•   Најчесто имаат слаби нозе

Сличен термин за оваа форма на тело е превртен триаголник.

Загрозени области – Масните наслаги брзо се наталожуваат на стомакот, на грбот и на рацете.

Како да одберете соодветната форма долна облека за вас

Во зависност од градите, соодветен е градник со отворено деколте и помала основа со повеќе прилагодувања за да не ве сече никаде ластикот. Пропорцијата на горниот и долниот дел од вешот треба да е во еднаков сооднос за да се постигне визуелен баланс.

Физичка активност: кардио тренинзи, аеробик, вежби со сопствена тежина со фокус на делот околу стомакот, пливање, трчање

Производи за овој тип тело


 

2. Круша

Карактеристики:

•   Колковите се пошироки од рамената

•   Мали гради

•   Тесна половина

•   Рамен стомак

•   Широки колкови

•   Нагласени бутини и задник

Сличен термин за оваа градба на тело е триаголник.

Загрозени области – Колковите се израз на женственост, но исто така се слабост на жените со ваква форма на тело. Тие без проблем ќе ја зачуваат тесната половина или рамниот стомак, но мастите лесно се таложат на задникот и бутовите.

Како да одберете соодветната форма долна облека за вас

Најчесто овој тип на градба е проследен со помали гради па затоа пуш ап градник или балконет одлично ќе се вклопи во балансирање на пропорциите на телото. Заводливоста на долниот дел од телото може да се нагласи со бикини или ниска боксерка, а за едноделни костими одлично ќе се вклопат модели со одсечени делови околу долниот дел на струкот.

Физичка активност: пешачење, џогирање, кардио аеробик, танцување

 Производи за овој тип тело


3. Песочен часовник

Карактеристики:

•   Колковите и рамената се со речиси иста ширина

•   Големи гради

•   Тенка половина

•   Оформен задник

•   Заводливи облини

•   Тенденција кон дебелеење на рацете

Загрозени области – Оваа форма е женствена бидејќи ги истакнува женските адути, но затоа многу лесно може да се појави прекумерна телесна тежина. Девојките и жените со ваква форма на тело мора да внимаваат на исхраната и да практикуваат физичка активност за да ја задржат привлечната фигура.

Како да одберете соодветната форма долна облека за вас

Ова форма е најпознатата женствена силуета во модниот свет. Сите форми на жартиери, корсети со балансирани кроеви и посмели облици се добредојдени при изборот. Горниот и долниот дел од вешот може да бидат комбинирани слободно во сет, во иста боја и со ист дезен.

Физичка активност: вежби со женски тегови, велосипедизам, трчање, вежби со сопствена тежина рамномерно распоредени по денови и делови за работа на линијата

Производи за овој тип тело


4. Банана (правоаголник)

Карактеристики:

•   Исти пропорции на рамена и колкови

•   Недефинирана половина

•   Атлетска градба

•   Мали гради

•   Рамен стомак

•   Слаби нозе

Слични термини за оваа градба на тело се правоаголник или молив.

Загрозени области – Ова се слаби жени со брз метаболизам кои немаат тенденција кон дебелеење. Но доколку „качат“ некое кило, тие подеднакво ќе се здебелат и во горниот и во долниот дел на телото.

Како да одберете соодветната форма долна облека за вас

За да се истакне половината оваа форма на тело одлично се носи со целосни корсети каде во кројот е пресечен делот кај струкот, странични симетрични одсечоци или пак некоја апликација со чипка која го отцртува делот околу струкот. Најчесто спортските градници одлично прилегаат на оваа форма, или пак парчиња во балансирана асиметрија.

Физичка активност: вежби со тегови, лента за трчање, и какви било физички вежби придружени со исхрана која содржи многу протеини бидејќи најчесто имаат слаба мускулна маса.

Производи за овој тип тело