Најважниот дел од гардеробата е едно мало магично парче што е основна потпора за градите на секоја жена на светов. Ретко која од нас ги познава формите и намените на сите градници.Затоа сме ние тука, заедно да ги откриеме сите мистерии на малото парче што чини чуда за нашата силуета. 



Лифтинг


Задачата на лифтинг градниците е, како што и самото име кажува, да им помогне на градите да се борат против гравитацијата. Најчесто се препорачува за опуштени гради, гради после доење или големи гради со опуштена мускулатура. Во зависност од формата на телото, лифтинг градниците се препорачуваат за формата правоаголник или јаболко.
Беби дол


Познат како тинејџерски градник, беби долот е често барана форма за поддршка на мали гради без постоечки стеги, жици или надополнувања. Беби долот ја прати природната форма на градите и помага да се прилагодат на целата силуета без притисоци. Најчесто е потребен за правоаголна силуета или пак крушка со мали гради.
Пуш ап


Познатиот чудотворец, е градник со вметнати додатоци во самиот крој кој даваат визуелен приказ на зголемени и подигнати гради. Секоја силуета на која и недостасува волумен во горниот дел е пожелно да поседува еден ваков градник кој ќе го збогати деколтето.
Минимајзер


За гради што завземаат поголем простор на вашата силуета, големи гради што бараат соодветно лежиште минимајзерот е полн погодок. Не само што ги подигнува, туку прави и приказ на намалени гради со специфичноста на кројот и се препорачува најчесто за форма на тело песочен часовник или јаболко силуета.
Градник за доење


Специјализиран градник за жени што дојат, со закопчување што овозможува врвна фунционалност при што не би требало целосно да се соблечете за да го нахраните вашето бебе.
Функционални


За сите силуети што сакаат да експериментираат со нивните дневни или вечерни варијации на гардероба, мулти функционалните градници се прав погодок за невидливост под вашата гардероба. Пожелен за секоја дама за нејзиниот гардеробер.
Бралет


Градникот на 21 век е всушност нај неоптоварувачки модел, без жица, без потпунки и додатоци од било каков тип. Бралетот е најчесто изработен од памучна чипка или пак некоја пријатна верзија на жерсе и совршено се вклопува со гардеробата на секоја девојка со помали гради и силуета на правоаголник или крушка.
Бустиер


Градникот кој се прослави во 90-тите со фамозното италијанско деколте на Моника Белучи, служи за комплетно подигнување на природната величина на самите гради. Во поново време со вметнат пуш ап, бустиерот станува новото чудо за девојки со помали гради, па е добредојден за комбинација со било кое деколте на фустан. Препорачано за силуета крушка или правоаголник за максимално потенцирање на женственоста.
Бралет лифтинг


За помали гради, но со опуштена мускулатура, бралетот со лифтинг е совршен избор. Со вградување на мал пуш ап без жица се добива визуелно зголемување на градите и позицинирање на правото место на женското тело. Совршен за девојки со силуета на јаболко а мали гради или пак правоаголник силуета.