Удобност, комфор, сензуалност... се само дел од карактеристиките кои вашите килоти треба да ги поседуваат. При изборот на совршениот производ за вашето тело најважно е, пред сè, да ги запознаете сите основни форми кои постојат за да може заедно со нас да одлучите кои би биле со перфектен фит за вашата силуета. 
(кликнете на насловите од секој тип килоти за да ги видите производите што ги нуди Sara Fashion)



String, thong - Танга и Полутанга


Минимални килоти кои се губат под гардеробата која сте одлучиле да ја носите во текот на денот. Дали е во форма на невидлива танга или пак памучна или ласерска полутанга, овие килоти се совршени за модерната жена. Најчесто се поврзани со силуетата песочен часовник или правоаголник.
Slip - Слип


Класичниот слип се килоти што секоја жена треба да ги има во својот ормар, во сите бои и фроми на памук. Прилега на сите силуети, а доколку одберете да се ласерски сечени, воопшто нема да се забележуваат под вашата гардероба.
Bikini - Бикини


Многу блиску до слип форма, но со повисок страничен дел кој обезбедува поголема сигурност и го опфаќа целиот долен дел од телото. Бикините се најбарана форма на веш во историјата на современата жена. Совршени се за сите силуети.
Brazil - Бразилки


Женствени, сензуални, бразилките се сè она што на една жена и е потребно во заводливиот дел од ормарот. Пресекот ја нагласува формата на женскиот задник и ја прави повеќе заоблена. Често ги бараат жени со форма на крушка или песочен часовник.
Control briefs - Бато/длабок струк


Длабокиот струк се килоти што даваат најгоелма сигурност и комфор на жената прибирајќи го сè она што жената не го сака на своето тело. Високиот струк обезбедува сигурност за делот околу стомакот, не ја сече силуетата и е поволен за сите жени, но најмногу за силуета на јаболко или правоаголник.
Boyshort - Боксерки


Килоти што се познати кај помладата генерација, одличен избор за правоаголна силуета или пак за визуелно изедначување на силуетата јаболко.
Hipster - Хипстерки


Често во јаки бои или дезени или пак пастелни контрасти, хипстерките се одличен избор за современа млада девојка која сака свежина во својот ормар. Препорачуваме за силуета песочен часовник или крушка.